Дурмиши: Минималната плата ќе се зголеми во март, посакувам да биде 600 евра
Идната година во март во рамки на Економско-социјалниот совет е предвидено да се покачи минималната плата, рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Предвидивме шест милиони евра повеќе средства во идниот буџет.
На прашањето дали минималната плата ќе се зголеми за 1000 евра колку што се зголеми на вработените во Владата министерот Дурмиши рече дека тоа треба да се види според законот.
Инаку, сега е во сила. Закон кој е утврден и усогласен со синдикатите, работодавачите и од страна на Влада, потпишан е од сите страни. Во март според Законот ќе се направат пресметките и ќе се види колку ќе излезе таа минимална плата, истакна Дурмиши.
Министерот рече дека средства се предвидени во буџетот за да се покачи минималната плата, но колку ќе биде тоа ќе видиме во текот на јануари и февруари.
„Кога ќе заврши годината ќе се прават пресметките и таму ќе знаеме точно за колку ќе се покачи минималната плата.
Нормално дека има политичка волја, но треба да ги видиме сите. Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра. Реално да кажеме, барањето е 450, јас сакам да биде 600 евра. Но, ајде да ги видиме сите засегнати страни, да се отвори темата на маса во првите денови на месец декември ќе се отвори оваа тема, мислам дека ќе биде барањето од синдикатите да се отвори оваа тема и таму ќе дискутираме и ќе дебатираме. Ќе ги видиме сите засегнати страни, ќе ги видиме и можностите на Владата дали се предвидени толку средства и дали има можност. Ќе ги видиме и барањата на работодавачите оти и тие се засегнати страни од ова барање и на крај ќе донесеме една заедничка одлука. Јас сум отворен и во секое време сум во контакт со синдикатите и со работодавачите, досега сум имал состаноци со двете страни. Ќе ги видиме сите страни, ќе се дискутира за ова барање и на крај со заедничка одлука ќе излеземе пред јавноста ќе кажеме дека ете толку се покачи минималната плата“, посочи Дурмиши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа