Годинава регистрирани 88 пожари во Неготино и Демир Капија

 

Вкупно 88 пожари се случија оваа година на територијата на општините Неготино и Демир Капија, информираше денеска командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Иле Илиев.

- Педесет и два од пожарите се случија на отворен простор при што гореа стрништа, трева, нискостеблеста шума. Во 19 случаи имаме регистрирано пожари во објекти. Евидентирани се и 9 горења во контејнери, како и 8 интервенции кај моторни возила, појасни Илиев.

Тој подвлече дека вкупната материјална штета од пожарите изнесува околу 10 илјади евра. Апелираше во овој период од годината граѓаните да ги чистат своите оџаци и да не фрлаат жар во контејнерите.

25.12.2013 - 16:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега