СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието

 


СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието.


Пратеничката Јованка Тренчевска рече дека со оваа мерка се предвидува минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра.

„Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство“, изјави пратеничката Тренчевска.

Како што рече, граѓаните секојдневно се соочуваат со се’ поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај, па затоа зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно.

 

Таа ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема ништо додека социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари.

За споредба, истакна дека во соседните земји, минималната плата расте. Во Србија ќе биде 457 евра, во Црна Гора 700 евра, во Хрватска веќе е 677 евра.

22.10.2024 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега