Ова се помилуваните од страна на претседателката
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на комисијата за помилување, донесе одлука за поминување на десет осудени лица.
На тројца од нив казната затвор им се заменува со условна казна во траење од три години. За седум лица делумно се ослободуваат од издржување на останатиот дел од казните.
Како што претходно објавивме, меѓу помилуваните се братот на Шенки Версаче, кој нема да мора да ја одлежи казната од шест месеци затвор, додека на поранешниот битолски градоначалник, пак, Владимир Талески, му се намалува една година од казната.
На листата „звучни“ се и имињата Акиф Рaвманоски, кој е член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов – првоосомничен во аферата „Шпион“. Во истрагата за случајот „Шпион“, полицијата утврди дека тој бил вработен во Агенцијата за разунавање, но во 2009 година откако добил отказ формирал злосторничка група во која влегле поранешни или тогаш сè уште активни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми… При претресот во неговиот дом биле пронајдени поголеми количини оружје, експолозив и најобемна документација со класифицирани информации од случајот „Шпион“.
Членови на комисијата за помилување кај претседателката Силјановска-Давкова се: д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри- Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа