Млада скопјанка преноќи во полициска станица - возела пијана

 


Ноќеска во 01.19 часот во Кратово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кратово ја  лишиле од слобода С.Т.М. (31) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое С.Т.М. го управувала и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1.60 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Додека пак вчера во 19.27 часот во с. Бучин, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода М.Г.(59) од с.Кривогаштани. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое М.Г. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,85 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

 

 
03.07.2025 - 22:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега