БГНЕС: Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија

 

Отворениот противник на вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, пишува БГНЕС.

Проф. Даскаловски е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Тој доби бугарско државјанство по бугарско потекло во 2003 година, пасошот го обнови во 2022 година.

„Во последната деценија македонскиот професор употреби различни дефиниции за Бугарија – од „голем брат“ до „окупатор“. Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка (2017), Даскаловски зборуваше за бугарски „нож во грбот на Македонија“, закани со вето итн. Тој денес ја брани идејата на премиерот Христијан Мицкоски за таканаречените „уставни измени со одложено дејство“, стои во текстот објавен на БГНЕС.

 

 

22.10.2024 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега