Незгодно ми е: Палчо ми должи 15.000 евра а вие ме викате за убиство
Сведокот Ламбе Бучков, пријател на Љупчо Палевски – Палчо, во своето сведочење откри дека имал финансиски односи со првообвинетиот, како и информации за неговото поседување на оружје.
„Сме си позајмувале пари, а сè уште 15 илјади евра ми должи,“ изјави Бучков. Освен тоа, тој спомена дека Палчо поседувал повеќе пиштоли. „Ми кажувал дека има повеќе видови на оружје, но јас никогаш не сум го видел. Само знам дека има,“ додаде тој.
„Парите не се вратени до ден денес и фактични коите контакти во критичниот период со него од 7.09.2022 година јас почнав поинтензивно да се гледам со Палчо кадешто се сретнував со него и му кажав дека треба да се вратат парите затоа што од локациите и од работата нема ништо“ – рече Бучков
Бучков истакна дека по објавувањето на информациите за случајот, сам се јавил во полиција за да понуди помош. „Јас се јавив во полиција и ги известив дека, доколку ги интересира нешто, можам да им го донесам Палчо. Но, никој од полицијата не ми се јави,“ рече тој.
Тој, исто така, тврди дека бил под надзор веќе шест месеци. „Шест месеци мене некој ме следи и ме прати, дури и по базни станици,“ изјави Бучков.
„Мене ме ставаат во незгодно јас не знам зошто сум тука, јас имам должничко-доверителски односи со него, вие ме викате за убиство“ – рече сведокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа