Трамп за Маск: Не можам да се ослободам од него, не сака да си оди дома

 

Доналд Трамп се пошегува дека „не може да се ослободи“ од Илон Маск додека милијардерот продолжува со своето влијание врз новоизбраниот претседател, објавија светските медиуми.

„Илон не сака да си оди дома. Не можам да се ослободам од него, барем додека не почне помалку да ми се допаѓа – рече Трамп на средбата со републиканците од Претставничкиот дом.

Трамп го прогласи Маск за копретседател на новиот Оддел за владина ефикасност во вторникот, додека извршниот директор на Tesla и SpaceX ја предводи агенцијата заедно со поранешниот претседателски кандидат на Републиканската партија, Вивек Рамасвами. Агенцијата ќе работи „надвор од владата“, изјави новоизбраниот претседател.

14.11.2024 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега