Меланија во Диор од 6000 евра - Иванка во комплетче од 900 евра
По победата на американските избори за претседател Доналд Трамп, тој одржа победнички говор во Вест Палм Бич, а на сцената му се придружија неговите деца и неговата сопруга Меланија Трамп, која во еден момент ја држеше за рака и се бакнаа во образ.
Меланија, која е по потекло од Словенија, ќе ја повтори улогата на прва дама. Во претходниот мандат на Трамп, од 2016 до 2020 година, таа се истакна со својот едноставен и елегантен стил и изгледа дека ќе продолжи да го прави тоа.
Имено, Меланија на сцената се појави во сив комплет на францускиот бренд „Диор“. Таа се појави во сиво палто Марлен, кое чини 4.000 евра и сиво здолниште чија цена е 2.140 евра, а комбинацијата ја заокружи со црни чевли со високи потпетици, незабележителна шминка и пуштена коса со меки кадрици.
Иванка Трамп, ќерката на новиот американски претседател Доналд Трамп, која беше негова десна рака во минатиот мандат, се појави со другите деца на Трамп на сцената за да му даде поддршка на својот татко за време на неговиот победнички говор на претседателските избори во САД.
Иванка, инаку позната по својот елегантен стил, за оваа прилика избра кадифено одело од француската модна куќа „Задиг и Волтер“, кое се состои од плато и ѕвонести панталони.
Инаку, на официјалниот сајт на брендот пишува дека цената на палтото е 575 евра, додека панталоните чинат 345 евра. Заедно со комлетот од 920 евра, таа ја заокружи модната комбинација со сина свилена кошула, обетки и црвен кармин.
Трамп во својот говор ѝ се заблагодари на поддршката на Меланија и истакна дека таа е многу важна во неговиот живот, а им се заблагодари и на своите деца за поддршката и го пофали својот син Барон, кој го доби со Меланија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа