СДСМ смета дека Мицкоски и Силјановска се кријат зад Комисијата за помилување која поднесе колективна оставка

 

Оставката на Комисијата за помилување е само уште една потврда за одговорноста која Силјановска треба да се одважи и да ја преземе, велат од Социјалдемократскиот сојуз по колективната оставка.

„Повеќе од јасно е дека таа ги дава помилувањата и последната одлука е токму нејзина. Наместо да се кријат таа и Мицкоски зад комисијата, треба да излезат и да кажат во каков договор се со помилуваните нарко босови. Нарко босовите лично и се заблагодарија на Силјановска за помилувањата и ниедна оставка не може да ја спаси од одговорност. Обидот на Мицкоски да ја префрли вината на СДСМ пак е доказ за манипулациите и лагите на кои е спремен премиерот кога е фатен во тесно.

Од Мицкоски одговорност и чесно признание на криминалите во кои е фатен граѓаните нема никогаш да видат. Станува збор за човек кој нема чуство за лидерство и правда и ова е само најава дека за секој следен случај тој ќе ја обивнува СДСМ. Ова е одлика на слабите лидери и лоши политичари каков што е Мицкоски. Со вакво однесување ниту правда, ниту одговорност ќе има во државата и владините функционери.

Јавно ги повикуваме Мицкоски и Силјановска – излезете признајте ја вината и извинети им се на граѓаните што ослободивте опасни криминалци, ако веќе немате намера да признаете кој е договорот со нив“, се вели во соопштението.

 
26.10.2024 - 19:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега