Врховниот суд на Шпанија одлучи: Укината забраната за рекламирање игри на среќа

 

Врховниот суд на Шпанија ја укина забраната за рекламирање игри на среќа.

Пресудата го истакна приоритетот за регулаторите низ Европа.

Вестите кои ќе имаат големо значење за иднината на маркетингот, рекламирањето и игрите на среќа низ Европа доаѓаат од Шпанија.

Врховниот суд на оваа земја пред неколку недели ја укина претходно донесената забрана за рекламирање на игри на среќа преку ТВ и Интернет.

Судот заклучи дека забраната нема правна или уставна основа. Дополнително, Судот му наложи на регулаторот да најде рамнотежа помеѓу загарантираната слобода на деловното работење на компаниите – организатори и заштитата на потрошувачите – играчите.

Меѓу отстранетите ограничувања е и укинувањето на претходно постоечката забрана за присуство на познати личности (инфлуенсери) во реклами, што судот го оцени како повреда на слободата на говорот.

Одлуката носи голема промена за целата индустрија за дигитален маркетинг, што укажува на потребата од пропорционално регулирање на деловните активности.

26.10.2024 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега