Царината во акција: Брачна двојка во сендвичи сокриле 46 000 евра

 


Царинските службеници во соработка со полицијата спречија обиди за шверц на непријавени девизи скриени во храната, како и парфеми поставени меѓу седиштата.

Според соопштението  денеска од Царинската управа, на 13 октомври во раните утрински часови на влезот на преминот пристигнало „БМВ“ со странски регистарски таблички, во кое кон Бугарија патувала брачна двојка од Германија. Иако патниците пријавиле 20.000 евра, царинските службеници при контролата меѓу спакуваната храна, сендвичи за патувањето пронашле црна кеса со речиси 46.000 непријавени евра.

Истиот ден вечерта на влез во земјава пристигнало „VW Caddy“ со домашни регистерски таблички, со кое патник од Белград се враќал од Германија во Србија. По проверка на возилото, меѓу предните и задните седишта биле откриени кеси со 85 непријавени парфеми од светски познати брендови, чија вредност се проценува на повеќе од 10.000 евра. Со оглед на тоа што вредноста на шверцуваната стока надминува една третина од вредноста на возилото со кое се превезувала, автомобилот е и привремено задржан, се наведува во денешното соопштение на Царинската управа.

15.10.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега