Таравари: Го прочитав извештајот за смртта на родилката, прес во понеделник
На новинарско прашање дали комисиите и во случајот со смртта на 14 месечното бебе на Детската клиника и со починатата родилка во Куманово покажаа дека станува збор за лекарска грешка, министерот за здравство Арбен Таравари одговори дека најверојатно во понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за двата случаи.
- Јас за Куманово го прочитав извештајот. За 14 месечното бебе се уште не сум го прочитал, но се надевам дека во понеделник ќе имаме прес-конференција и за двата случаи. Ќе ве информирам во текот на утрешниот ден, рече Таравари.
12.10.2024 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа