СДСМ: Просечната плата намалена за 1.000 денари


За прв пат по седум години во изминатите 100 дена граѓаните се соочија со непријатна реалност – платите почнаа да паѓаат, просечната плата се намали за цели 1.000 денари, велат од СДСМ.

„Ова е резултат на неуспешната економска политика на актуелната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Власта не го исполни ниту ветувањето за минималната плата со што покажа дека не се грижи за работниците.

Наставниците и просветните работници, кои заслужуваат поддршка и признание, добија покачување од само 0,7%, наместо 12% кои требаше да се случат по планот на СДСМ.

Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство, што не е само неприфатливо, туку и штетно за целокупното општество.

Додека платите паѓаат, стандардот на граѓаните се намалува.

Владата на Мицкоски не успеа да обезбеди заштита на граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини дека е поважен од интересот на самите граѓани.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не исполнија ништо од големите ветувања. Ова е најнеспособната влада досега“, стои во соопштението на СДСМ.

02.10.2024 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега