Почина познатиот македонски музичар

 

Вчера, среда, 25 септември 2024 годинаво поладневните часови почина еден од доајените на македонската музика, познатиот музичар, гитарист и композитор Петар Лукиќ (90). Целиот свој работен век го мина во оркестрите на Македонската Радио Телевизија (МРТ), поточно нејзината тогашна Музичко – касетна продукција. Најпрвин како гитарист и дел од Танцовиот оркестар, за подоцна да се префрли во Народниот оркестар.

Не само што важеше за врвен музичар, туку Лукиќ беше и композитор и аранжер кој зад себе остави значајни композиции и во забавниот и во народниот жанр на новосоздадената македонска песна. Негови композиции се изведуваа на  најпознатите македонски фестивали и на забавна и на народна музика, а неговите песни ги пееја познати македонски, но и регионални пејачки ѕвезди.

26.09.2024 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега