Трипуновски со добри вести за сточарите

 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на својот Фејсбук профил објави важна одлука донесена на владина седница, која директно им излегува во пресрет на барањата на сточарите.

„На владина седница донесовме важна одлука која директно им излегува во пресрет на барањата на сточарите. Условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%“, напиша Трипуновски.

Оваа одлука, како што појасни министерот, е резултат на континуираниот дијалог со сточарите и спроведена анализа од страна на Министерството.

Трипуновски порача дека Владата и Министерството ќе продолжат да работат посветено на решавање на сите отворени прашања на земјоделците.

04.06.2025 - 13:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега