Лина Ѓорчевска се пласира во полуфиналето на турнирот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот W75 Куршумлиска Бања, Србија. Ѓорческа во денешниот четвртфиале меч ја совлада Далила Јакуповиќ од Словенија со 2:0 во сетови 6:4, 6:3 за 80 минути игра.

В сабота во полуфиналето Македонката ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија, која денеска немаше меч бидејќи нејзината сонародничка Нина Стојановиќ го предаде мечот без борба.

27.09.2024 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега