Македонец убил жена во Словенија па се самоубил


Во трагичен инцидент во словенечкиот град Градац, македонски државјанин, стар околу 30 години со потекло од Прилеп, убил 40-годишна жена, а потоа се самоубил. Според првичните информации на словенечката полиција, пукањето се случило во индустриската зона Памече, пренесе Скопје1.

Жената, која била тешко повредена, била префрлена во болница, каде што подоцна починала. Мажот, пак, бил пронајден мртов на местото на настанот.

Словенечката полиција активно истражува случајот, а на местото на настанот биле извршени увиди од страна на истражен судија и јавен обвинител. Детали за мотивот на овој трагичен чин засега се непознати.

25.09.2024 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега