ВМРО-ДПМНЕ: СДС не оставија без денар во буџетот-срамно е да бараат поголеми плати за наставниците
„Срамно е СДС да зборува за покачување на платите на наставниците и да се поставува во улога на нивен заштитник, кога во буџетот не оставија средства за исплата ниту на основните плати до крајот на календарската година. Манипулираат со податоци за покачувања на плати, кои патем, инфлацијата што самите ја создадоа, целосно ги анулираше и како и сите други граѓани, така ги доведе и наставниците во исклучително тешка економска положба“, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по денешната реакција на опозицијата која бара повисоки плати за просветните работници.
„СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ буџетот за образование за 2024 година го потрошија во првите 6 месеци од годината. Новото раководство на министерството наследи буџетски дефицит од 5 милијарди денари. Немаше пари ниту за исплата на основните плати на наставниците, а не пак за нивно покачување. Иако во СДСМ се свесни дека наставниците го знаат ова, немаат проблем да се претставуваат како нивни поддржувачи.
Новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства во износ од 900 милиони денари за да можат наставниците да добиваат плата до крајот на тековната година. Во новиот буџет веќе се предвидени и средства за нивно зголемување следната година.
Освен на подобрувањето на материјалниот статус на наставниците, програмата на Владата предвидува и повеќе можности за кариерен и професионален развој, значително подобрување на условите за работа, како враќање на општествената вредност и почит кон наставничката професија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа