ВМРО-ДПМНЕ открива нов политички скандал: Пендаровски се одрекол од канцеларија, па побарал средства за истата
Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел. Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија.
Претседателот по закон го следува канцеларија, но лажната скромност и лицемери на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните.
Како што менуваше ставови од позиција на претседател, така менува и сега, што ќе каже денес, не важи и утре“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа