СДСМ ги оправда своите обвинувања: Рамука разрешен поради нерегуларности


Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука, велат од СДСМ.

„На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше.  По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.

Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.

Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат“, стои во соопштението на СДСМ.

18.09.2024 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега