Хаос во италијанска болница: Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари

 


Во одделот за торакална хирургија на поликлиниката Риунити во Фоџа, Италија лекари и медицински сестри беа нападнати од педесетина гневни членови на семејството и пријатели на почината 23-годишна девојка.

Според италијанските медиуми, дури 50 луѓе се собрале пред болницата и го нападнале медицинскиот персонал, што довело до хаос.

Лекарите и медицинските сестри беа принудени да се затворат во одделението за да се заштитат од насилните напаѓачи. Ситуацијата траела се додека не дошла и интервенирала полицијата.

Насилните напади резултираа со повреди на тројца лекари, од кои едниот заврши со скршеница на раката поради обидот да се заштити од напаѓачите.

07.09.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега