Мексико: Посетителите на забавен парк останаа да висат 60 метри во воздух
Посетителите на забавен парк во Мексико останаа да висат речиси 61 метар во воздух поради страшен инцидент кој за малку ќе ги чинеше живот.
Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, посетителите кои биле на вртелешка за време на невреме кое ненадејно се спуштило во градот, биле принудени да останат да висат во воздух, откако вработените во забавниот парк го исклучиле возењето поради лошото време.
Според снимениот материјал, заглавените посетители останале да висат додека околу нив се спуштал темен облак, дожд и ветер. Наведено е дека дури 32 лица останале заглавени на возењето кое нормално се движи со брзина од околу 64 километри на час.
„Почна да врне и останавме заглавени на небото“ кажал еден од учесниците во настанот.
Не е јасно колку време поминале во воздух, висејќи од таа височина, но од забавниот парк наведуваат дека посетителите биле спасени по кратко време и дека немало повредени учесници.
Видеата набргу по драмата станаа вирални на социјалните мрежи, каде повеќето корисници се согласија дека ова „е луна парк од кошмарот“, додека имаше и такви кои се согласија дека самото возење е застрашувачко.
„Тоа возење ме ужаснува. Чувствувам дека сигурносниот синџир е само една тенка нишка која лесно може да се скине“, напишал еден корисник под видеото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа