„Катимерини“: Груевски во Скопје ја колне Атина
Белград слави, Тирана се смешка и Груевски во Скопје ја колне Атина, пишува денеска провладиниот весник „Катимерини".
Весникот деновиве не го спомена интервјуто на македонскиот премиер за „Ди Пресе“ во кое тој изјави дека Самарас е виновен за проблемот со името, потсетувајќи дека тој, заедно со Мицотакис, го создадоа проблемот.
- „Грција е вешта во тоа да не претстави како тврдоглави националисти, и поради ова, самата таа е одговорна за блокадата. Убедувањето во ова е многу полесно кога самата земја е членка на ЕУ и НАТО и комуницира секојдневно со останатите членки, изјави Груевски за „Ди Пресе“.
„Катимерини“ на крајот заклучува дека, како и да е, не треба да се очекуваат спектакуларни случувања во однос на европскиот курс на земјите од Западен Балкан за време на грчкото претседателство со Унијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа