Нови детали: Вања клечела на колена кога и пукале во глава, на неа имало траги од ДНК на Манев
Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана, таа била жива, а трагите од кал на колената и прстите покажале дека клечела во тие моменти.
Во судот, денес, од страна на Обвинителството беа изведени материјални докази во процесот за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски.
Беше посочено дека и Вања и Панче биле усмртени со истрели во главата со куршуми во ист калибар, 9 милиметри. Еден од доказите се однесува на ленатата што била залепена на устата на девојчето, а според анализата, се утврдило дека на неа имало траги од ДНК, од кои едната, со голема веројатност, одговарала на обвинетиот Велибор Манев, рече обвинителката.
На претходните неколку рочишта искази даваа сведоци на Обвинителството по што денес се изведуваа материјалните докази во судницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа