Пензионер од Мала Речица со голф прегази две жени на пешачки
Две жени се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 7 август 2025 година, околу 20:50 часот, на булеварот „Илинденска“ во Тетово. Според информациите од СВР Тетово, патничко возило марка „Голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 67-годишниот С.Б. од село Мала Речица, удрило во две пешачки – Г.Т.Т. (61) и С.Н. (58), двете од Тетово.
Во незгодата, Г.Т.Т. се здобила со тешки телесни повреди, додека С.Н. минала со полесни повреди. Двете биле згрижени во Клиничката болница во Тетово, каде што им била укажана медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа