Јанкулоска во Будва: Македонија се бори за намалување на бројот на нелегални азиланти
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска заедно со министерот за правда Блерим Беџети е во посета на Будва, имаше свое обраќање на форумот „ЕУ – Западен Балкан“.
Министерката пред присутните на форумот говореше за намалување на бројот на нелегалните азиланти кои потекнуваат од Македонија.
- Ја искористив приликата да потенцирам дека борбата против нелегалните миграции не може да биде оставена само на една земја, пред се заради тоа што ваквата борба бара регионални капацитети и регионален одговор. Во таа смисла потенцирав дека Република Македонија како земја која практично е на надворешната граница на ЕУ се соочува со сериозен проблем на мигранти кои доаѓаат преку јужната граница и за разлика од сите други соседни држави со кои имаме различни модели на гранично управување кои подразбираат интензивна и секојдневна соработка, вели Јанкуловска.
За жал со Република Грција, како што посочува, соработката не е на нивото како што македонската страна посакува да биде.
- И како иден претседавач со ЕУ упатив уште еден апел до оваа земја да се подигне нивото на соработка бидејќи тоа е од интерес не само на нашите две држави, туку и на целата ЕУ, нагласи македонската министерка за внатрешни работи.
На собирот учествува и министерот за правда Блерим Беџети, кој денеска ќе има обраќање за реформата на правосудниот систем во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа