Јавниот обвинител нема доволно докази за Иџет Мемети
Јавниот обвинител нема доволно докази за членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Во соопштението кое го испрати Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се вели дека во текот на ноќта биле вршени претреси на повеќе локации.
ОЈОГОКК од судија на претходна постапка ќе бара мерка притвор за врховниот судија Наке Георгиев, но не и за Мемети.
-Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, се вели во соопштението од ОЈОГОКК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа