Пендаровски: Курти може да му биде поддршка кому сака, тоа со години го прават европските партии на идеолошки блиските во Македонија

Господинот Курти може да биде политичка поддршка кому сака бидејќи тоа со години наназад го прават Партијата на европски социјалисти на оние партии кои тие ги поддржуваат тука и Европската народна партија за десните партии во Македонија. Ова денеска го изјави претседателот Стево Пендаровски при посетата на Државниот универзитет во Тетово, прашан за коментар за честите посети на косовскиот премиер во земјава, но и за изјавите на трите опозициски партии на Албанците обединети во „Европскиот сојуз за промени“ кои неодамна најавија дека на нивните листи ќе има имиња на партијата на Албин Курти – Самоопределување.

 

„Досега странци давале поддршка за политичари во Северна Македонија, па тоа не е проблем да го прави и косовскиот премиер Албин Курти“, вели шефот на државата.

 

Според него, не е спорна неговата поддршка на луѓе кои се македонски државјани.

 

„Овде не станува збор за странци што ќе учествуваат на наши избори бидејќи тоа е недозволено. Сите тие луѓе кои се споменуваат во медиумите како негови луѓе се државјани на Република Северна Македонија и имаат право да учествуваат на избори. А политичка поддршка, господинот Курти може да биде кому сака, бидејќи тоа со години наназад го прават Партијата на европски социјалисти на оние партии кои тие ги поддржуваат тука и Европската народна партија за десните партии во Македонија“, изјави Пендаровски.

 

14.02.2024 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега