Нападнат лекар во Итната медицинска помош

 

Лекар во Итната медицинска помош во Радовиш, Х.Е (36), пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствениот дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

СВР Струмица соопшти дека денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

11.02.2024 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа