(Видео)Драма во Лондон: Фрлал киселина врз луѓе

 

Според првичните информации настанот се случил во јужен Лондон, каде маж по судир почнал да прска киселина кон луѓето во автомобилот.

Лондонската противпожарна бригада објави дека биле повикани на хемиски инцидент на авенијата „Лесар“ и пружиле итна помош на една жена и две деца.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и тројца полицајци, но се претпоставува дека нивните повреди се полесни.

Во потера по одговорното лице бил вклучен и хеликоптер.

„Ги користиме нашите ресурси за да го уапсиме ова лице и работиме за да се утврди што доведе до овој ужасен инцидент“ изјавил детективот Александар Касл.

01.02.2024 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега