Тошковски до амбасадорката на Грција: Немаме обрасци за пасоши - ова се моите предлози

Новиот технички министер за внатрешни работи веднаш се фатил за работа. Како што информираше министерството утрово тој веднаш остварил средба со грчката амбасадорка во земјава на која и ги презентирал проблемите со кои се соочуваме поради недостатокот на обрасци за пасоши.
„ Средба на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со амбасадорката на Република Грција

Денес Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со амбасадорката на Република Грција Н.Е. Софија Филипиду.

На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.“ – напиша МВР на социјалните мрежи

 

30.01.2024 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега