Путин се загрижи: Пропадна обидот за лансирање на новата ракета Сармат

Русија претрпе катастрофален неуспех во тестирањето на нејзината ракета „Сармат“, клучното оружје во модернизацијата на нејзиниот нуклеарен арсенал, според експертите за оружје што ги анализираа сателитските снимки од локацијата за лансирање, пишува „Вашингтон пост“.

Фотогрфиите направени од Максар на 21 септември покажуваат кратер широк 60-ина метри на силосот за лансирање на космодромот „Плесецк“ во северна Русија. Тие откриваат голема штета што не била видлива на фотографиите направени претходно овој месец, пишува „Скај њуз“.

Интерконтиненталната балистичка ракета „РС-28 Сармат“, позната на Запад како „Сатан II“, беше дизајнирана да испорачува нуклеарни бојни глави до цели оддалечени илјадници километри, но нејзиниот развој беше запрен поради неуспех.

Во меѓувреме, за време на посетата на Вашингтон, Володимир Зеленски рече дека Украина е поблиску до крајот на војната со Русија отколку што многумина мислат.

24.09.2024 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега