Хамиди не дава оставка, ќе чека Владата да го разреши

 

Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, не гледа проблем во одлуката на Владата да го разреши и вели дека е спремен веднаш да си даде оставка, но зад него него стојат многу позитивни работи и да си замине од функцијата ќе испадне лошо.

„Не сакам да дадам оставка денеска поради тоа што Владата веќе најави дека ќе нѐ разреши“, вели Хамиди.

Во однос на вчерашниот упад во радарската соба и нападот на дел од вработените во контролата на летање, Хамиди истакна дека се случил немил настан и тоа не смеело да се случи, но, според него, тоа е конфликт меѓу двајца колеги што се познаваат 20 години, заедно биле на школување и обука.

„Има набој на енергија. Лична конфронтација. Лицата се вработени во М-НАВ и тоа е сѐ што можам да кажам. Има камери и тоа ќе се утврди. Во интерес на истрагата не сакам да навлегувам понатаму“, додаде тој.

Тој негира дека се видел со Беким Незири, кој ги внел другите напаѓачи во М-НАВ, иако двајцата се кадри на владејачката ДУИ.

Рече и дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.

 
05.01.2024 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега