Груевски: За граѓаните работиме и по 15 часа дневно

 

Ветивме дека ќе работиме со засилено темпо, дека ќе дадеме се да ги исполниме ветувањата, дека постојано ќе се грижиме за интересите и потребите на сите граѓани и тоа во сите изминати години го правиме, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ од трибината што вечерва се одржа во Велес.

- Пред изборите во 2006 година ветивме дека постојано ќе бидеме присутни на јавна трибина пред граѓаните, останавме доследни и секоја година, еден тим од Владата, доаѓа, дискутираме со вас и ги слушаме вашите проблеми, размислувања, идеи и критики. По тоа ние значително се разликуваме од нашиот политички конкурент. На вакви настани тие доаѓаа само пред избори. Ние сме тука секоја година, тоа ви користи вам, за да ги решиме проблемите, но ни користи и нам затоа што политиката ја доживуваме на терен, со народот и со проблемите. Не е случајно што ВМРО-ДПМНЕ седум години ја добива довербата. Ние не се задржуваме во нашите канцеларии, ние ги слушаме граѓаните, рече Груевски.

Остануваме доследни, рече, во реформите, во исполнување на програмата, но ќе направиме и повеќе од она што сме го ветиле.

- Секој министер има обврска да ги исполни ветувањата и постојано да смислуваат начини во својот сектор, како граѓаните да имаат подобра услуга во министерството и во институциите. Нема запирање. Опозицијата не може да не следи иако има дваесет пати повеќе слободно време од нас. Велат ќе не фателе на кондиција, ќе се изначекаат ако сакаат да не фатат на кондиција, истакна Груевски на трибината на која присуствуваа и големброј министри.

Оваа Влада, рече, работи 12-15 часа дневно, па и за викендите и затоа сме Влада која ќе остане пример и за идните влади на Македонија по бројот на реализирани проекти и воведување на нови стандарди во работењето.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека ја продолжуваат континуираната грижа за граѓаните од сите категории и притоа посочи на зголемените плати на администрацијата, пензии и социјална помош и други социјални трансфери, субвенции...

- Многу држави намалија пензии и социјална помош, ние во ова тешко време, зголемуваме. Наоѓаме начини, чекор по чекор да дојде до тие зголемувања. Не само за овие групи на граѓани. Ние водиме континуирана грижа за оние кои се невработени. Со голем ентузијазам, се бориме со цела енергија, да се отворат нови работни места. Одејќи на многу места, правејќи презентација на државата, насочувајќи ги амбасадорите, подобрувајќи ја бизнис климата, се фокусиравме, Македонија да биде прва во светот по услови за правење бизнис, објасни Груевски истакнувајќи притоа дека кајната цел на владините економски политики е да се вработат повеќе граѓани.

Во тој контекст најави дека догодина во март ќе почне изградба на фабрика која ќе вработи 600 луѓе во Велес.

Потенцира дека оваа Влада ќе продолжи со реформите во здравството и образованието, со реконструкција на објекти и изградба на нови, преводи на странски врвни учебници на македонски јазик, континуирана обука на континуирана обука на наши лекари на врвни светски клиники...

Ќе продолжиме да се бориме, рече, против криминалот и корупцијата и кога ќе има докази ќе биде казнет секој кој го прекршил законот без разлика на која политичка опција припаѓа

16.12.2013 - 23:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега