Наутро услови за магла, преку денот сончево

Сончево и претежно тивко, по котлините со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

Во Скопје наутро со услови за магла, преку денот сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 7 степени.

Под влијание на висок воздушен притисок до среда продолжува стабилно и тивко време со магла по котлините. Во четврток и петок ќе има зголемена облачност, наместа со умерен ветер од западен правец.

19.12.2023 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега