Израел отвори премин за бегство на цивили од болницата Ал Шифa

Израелската армија денеска отвори нови коридори за бегство на цивили на југ од палестинската територија, а меѓу нив е и излезната рута од Ал Шифа, најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа.

Коридорите ќе бидат отворени до 16 часот по локално време. Израел е под зголемен притисок дури и од неговите цврсти сојузници како САД поради цивилните жртви во Газа.

Иако израелските лидери ги отфрлаат повиците за прекин на огнот, Израел веќе неколку дена им дава шанса на цивилите заробени во опколениот град Газа и другите делови на северот да излезат.

 

 

12.11.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега