Драма во Чачак: Момче влетало во училиште со лажен пиштол, им се заканувало на учениците

 

 

Во инциден во основното училиште во село Прељина во Чачак, еден од учениците од осмо одделение дошол во училиштето со лажен пиштол и им се заканувал на децата имитирајќи пукање.

„Момчето со години ги малтретира другите ученици. Во повеќето случаи децата се плашат од него и не смеат ниту да го пријават ниту да сведочат. Тој беше санкциониран со намалена оценка во владеењето, но тоа не влијаело и нема да го засега. Загрижена сум за своето дете и секој ден со страв го праќам на училиште“, вели загрижена мајка за РИНА.

Откако се случил овој инцидент, дежурниот полицаец веднаш реагирал и му го одзел лажниот пиштол на момчето, а потоа во училиштето дошла полициската патрола.

Директорот на училиштето Радојло Чоловиќ според тамошните медиуми не сакал да го коментира случајот.

„Не даваме изјави за такви работи. Тоа е интерна процедура на училиштето, вие немате врска со тоа. Се најдобро“, кратко изјавил Чоловиќ.

Инцидентот се случил во петокот, истиот ден кога едно девојче внело нож во друго основно училиште во Чачак.

02.10.2023 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега