Викендов отстранети 20-тина диви депонии низ Скопје

 

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија дваесетина диви депонии лоцирани во општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош.

„Во општината Аеродром, активностите се одвиваа на улицата Венијамин Мачуковски и булеварот Видео Смилевски-Бато, во општината Чаир се расчистуваа дивите депонии на улицата Методија Митевски, додека во општината Центар беше отстранет непрописно одложен отпад на улицата Кирил и Методиј и во реонот на скопското Теќе. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на викендот отстрани и неколку диви депонии лоцирани во населбите Козле и Трнодол во општина Карпош,  како и на повеќе локации на главната улица во општината Ѓорче Петров. Подигнати се вкупно 30 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад одложен на јавни и сообраќајни површини“, известија од ресорното претпријатие.

18.09.2023 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега