Министерот Ивановски состанок на Независниот Панел за глобалниот интернет во Лондон

 

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, изминатите два дена беше во дводневна посета на Лондон, каде учествуваше на првиот состанок на Независниот панел за иднината на глобалната интернет соработка, организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви.
 
На настанот се појавија познати имиња од светот на телекомуникациите и информатичко-комуникациските технологии, претставници на владини институции, невладини организации и приватниот сектор. Меѓу нив и Мохамед ал Ганем, основач и генерален директор на Телекомуникациската регулаторна управа во Обединетите Арапски Емирати, Винт Церф, потпретседател на Гоогле, Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ИЦАНН, Џими Велс, коосновач и промотор на Википедија, Мичел Бејкер од Фондацијата Мозила и многу други.

Министерот Ивановски оствари бројни средби со претставници од светските телекомуникациски организации, од владини институции и приватниот сектор, со кои сподели значајни искуства и мислења од областа на ИКТ технологијата, а истовремено одблизу ги запозна соговорниците со мерките и активностите кои ги презема македонската влада во насока на забрзан прогрес на информатичкото општество во Република Македонија.

Следниот состанок на Панелот ќе се одржи на крајот на февруари идната година во Калифорнија, а крајот на состанокот во мај во Дубаи.

14.12.2013 - 10:24
Фото: 
Радиомоф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега