Вучиќ по средбата со Зеленски: Ќе биде жешка есен, ќе има уште многу проблеми

 

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по што ќе разговара и со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

„Огромна можност да разговараме со европските лидери и да видиме каде е нашата иднина. Утрово имав средба со Володомир Зеленски, претстојни средби со Јаков Милатовиќ и Мицотакис околу пладне. Она што е важно за луѓето во Србија е дека разговаравме и со Урсула фон дер Лајен. И таа и Шарл Мишел ја повторија важноста на агендата за раст и како ЕУ подготвува за октомври програма за раст за земјите од Западен Балкан, за подобрување на нашите економски перформанси. Покрај помошта со разни програми, субвенции, стимулации за многу важни работи, пред се во зелената агенда, очекувам и паричен прилив за земјите од Западен Балкан, кој секако би бил многу значаен во денешни услови. Разговаравме и за стратешки работи“, рече Вучиќ во обраќањето по средбата со Зеленски.

Вучиќ во своето обраќање спомена и дека Србија очигледно е поврторно критикувана за речиси никаков напредок во владеењето на правото.

„Мислам дека е важно да се каже дека мора да знаеме дека во декември очекуваме Молдавија и Украина да го добијат датумот за почеток на преговорите. Добија кандидатски статус, сега ќе добијат датум. Што се однесува до нас останатите, за нас е важно она што го најави Фон дер Лајен во однос на политиката на раст. Во моментов од 27 земји имаат 10 кои ги финансираат сите останати. Нема други кои можат да бидат нето-придонесувачи, тие не можат да прифатат други. Се разбира, тие ја туркаат Украина во моментов, бидејќи таа е во војна и работи за сите нив и мора да добие поттик, но штом слушнам забелешки за владеење на правото, знам каде оди, знам како оди. И кога станува збор за некои други земји. За нас е многу важно рационално да гледаме што можеме да направиме, особено во однос на заедничкиот економски пазар“.

„Зеленски праша што мислат луѓето во Србија и зошто. Му кажав што се случи во 1999 година и потврдив дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа. Разговаравме за различни форми на соработка. И треба да размислат како ќе ја обноват државата. „Мислам дека нема да има промена на Украина кон Србија што се однесува до територијалниот интегритет“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Украина никогаш не направила ништо против Србија, како што Србија никогаш не направила ништо против Украина.

„Не се согласивме со примена на санкции против Русија, има друг дел, но за тоа ќе зборувам подоцна“, рече претседателот на Србија и додаде дека „се трудевме да не бидеме најгласни дури и во обвинувањата кон другите“.

„Нашата работа е да ги заштитиме нашите интереси. Не се согласивме со делот од Декларацијата што зборува за санкции, имаше уште еден, прецизно ќе ви го прочитам. Ќе биде жешка есен, бидејќи ситуацијата не е лесна, ќе има уште многу проблеми“, рече тој.

22.08.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега