Се самоуби Сулејмановиќ кој во живо на Инстаграм изврши тројно убиство
Билдерот од Градача, Нермин Сулејмановиќ кој ги уби својата сопруга и уште двајца мажи и злосторот го призна на социјалната мрежа Инстаграм се самоубил, јавува „Дневни Аваз“.
Како што пишува порталот, самоубиството го сторил откако бил лоциран од полицијата.
Убиството го пренесувал во живо на социјалната мрежа Инстаграм
-Убив татко и син. Како налетаа на мене само Бог знае. Ја убив жената и двајца непријатили. Се надевам дека убив и полицаец. Бебето е живо, рече тој во видеото.
11.08.2023 - 14:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа