Делови од Словенија се’ уште се поплавени и без струја

 

Бројот на загинати во невремето што ја зафати Словенија се искачи на шест лица. Некои области се’ уште се поплавени, многу патишта сè уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од свлечишта во тие области ќе се зголемува, објавија словенечките медиуми.

Пожарникарите интервенираа претходната ноќ за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

Во некои населени места веќе се појавија одрони, најмногу во Корушката и Савињската долина.

Геолошкиот завод на Словенија го предупреди населението во загрозените подрачја на внимателност поради водите, новите пукнатини на патиштата и појавата на нови одрони.

Во отстранувањето на последиците од поплавите помага и армијата, а делови од земјата се’ уште немаат струја

07.08.2023 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега