Тешка несреќа во Албанија: Семејство со три деца излетало од патот
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава кај Љеш во Албанија, а повредени се пет членови на семејството кои се наоѓале во автомобил со српски регистарски таблички, јавува албанската ABC.
Несреќата се случила во раните утрински часови. Како што дознава белградски „Блиц“, семејството било на одмор во Албанија. Нивниот автомобил удрил во насипот што ги дели коловозните ленти на државниот пат.
Три деца и брачен пар биле во автомобилот и сите се повредени, а мајката потешко. Повредените се пренесени во болница.
Полицијата е на терен, а се сомнева дека брзината и влажниот коловоз предизвикале губење контрола над возилото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа