Грчкиот министер за заштита на граѓаните заминал на одмор во екот на пожарите, си поднесе оставка

 

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Нотис Митараки, поднесе оставка откако беше обелоденето дека бил на одмор додека во земјата беснеат огромни пожари.

Информацијата за одморот на Митраки и неговата оставка ја објави грчкиот весник „Катимерини“, коментирајќи дека пожарите ја зедоа првата политичка жртва.

 

Митаракис, кој порано беше одговорен за безбедносните сили на земјата, вклучително и крајбрежната стража, наведе дека оставката ја поднесува од „лични причини“, а премиерот Киријакос Мицотакис веднаш ја прифати.

 

Како што пишува „Катимерини“, тој бил надвор од Атина во моментот кога се водеа најголемите битки со огнот.

 

Митраки во четвртокот, бил забележан на јахта кај островот Патмос. Подоцна истиот ден се вратил во Атина.

 

 

29.07.2023 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега