Пријателката на милијардерот кој е сопственик на подморницата: Се плашам дека се заробени на дното на океанот

 

Пријателка на британскиот милијардер чија подморница исчезна на пат кон потонатиот брод „Титаник“ изјави дека стравува дека таа е заробена на дното на океанот.

Џеник Микелсен, норвешка истражувачка, за светските медиуми зборуваше околу тоа како би делувал Хамиш Хардинг (58) во случај на кризна ситиација. Тој е еден од петте луѓе на подморницата, која го започна патувањето до местото на остатоците од „Титаник“ во 4 часот наутро во неделата.

„Мојот најголем страв е да знам дека се заробени и да не можат да добијат помош“, рече Микелсен.

Таа додаде дека Хардинг и бил како ментор и дека бил свесен за ризиците што ги презема.

„Хамиш е истражувач во душата и ова е една од работите што сакаше да ги истражи. Хамиш ги знаеше ризиците пред да започне. Знам дека Хамиш ќе биде мирен, и ќе работат сите заедно ако се во криза“, додаде пријателката на британскиот милијардер.

Постојат информации дека подморницата се заклучува однадвор, па не нема начин да се излезе.

Патувањето – за кое учесниците плаќаат 250.000 долари – обично трае осум часа. Но, контактот со контролниот брод беше изгубен час и 45 минути по почетокот на патувањето, пред да стигнат до остатоците, а спасувачите сега се вклучени во трка со времето за да се обидат да ја вратат подморницата и нејзината екипа.

Во понеделникот попладне, адмиралот на американската крајбрежна стража Џон Маугер рече дека подморницата имала 96 часа кислород, врз основа на информациите добиени од операторот на бродот.

20.06.2023 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега