Руски олимпијци меѓу жртвите во авионската несреќа во Вашингтон
Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави Тасс.
Шишкова и Наумов, кои се во брак од 1995 година, ја освоија светската титула во уметничко лизгање во 1994 година.
Регионален патнички авион на Американ ерлајнс се судри во воздух со хеликоптер на американската армија Блек Хок во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон по што авионот се урна во реката Потомак.
30.01.2025 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа