Во август социјално загрозените ученици од Кисела Вода ќе летуваат бесплатно во Охрид
Децата од социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Денес е распишан огласот и се објавени критериумите кои на ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не надминуваат 35 000 денари месечно, семејства со еден вработен, примател на минимална плата, ќе им овозможат овој август да поминат неколку дена со своите врсници во некое од летувалиштата на Охридското Езеро., соопштија од Општната.
„За оваа намена Општина Кисела Вода издвои 3 милиони денари од својот Буџет со кои ќе се покријат трошоците за превоз, сместување и храна. Рокот за пријавување започнува од денес, 18.05.2023 година и трае 10 дена, односно заклучно до 27.05.2023 година до 18.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за избор на социјално ранлива категорија на ученици од општинските основни училишта за кои Општина Кисела Вода ќе спроведе бесплатен летен одмор“- Комисија)“, велат преку соопштение од Општината.
Како што дополнуваат пријавата и образецот со упатство за пополнување, како и сите останати информации поврзани со користењето на оваа услуга, се достапни на веб-страната на општината.
„Се работи за мерка од социјалната сфера на Општина Кисела Вода, која на децата од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта во општина Кисела Вода ќе им овозможи социјализација, дружење и нови искуства, односно ќе им пружи еднакви можности со нивните врсници. Воедно, проектот за бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт за овие деца, ќе продолжи и во следната учебна година, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини“, велат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа