„На точак“ до „Паркови и зеленило“: Средете ги надвиснатите гранки над патеките
Од иницијативата „На точак“ ги повикаа надлежните од јавното претрпијатие „Паркови и зеленило“ дека не се кастрат нависнатите гранки над вело-патеките во Скопје.
- Гранките на дрвјата се натежнати од лисјата и висат над велосипедските патеки низ целиот град. Како што градските служби се грижат за зеленилото во тревниците и за гранките над градскиот паркинг, така треба да се грижат и за гранките над велосипедските и пешачките патеки. Нова пролет, за жал ново потсетување, велат од „На точак“.
Од иницијативата додаваат дека низ Скопје скоро на сите патеки има гранки кои пречат на велосипедистите и пешаците, па затоа очекуваат во најкраток период да пројдат градските служби и да ги скастрат гранките кои се над патеките.
- Во сегашната ситуација од избегнување на ниски гранки сите учесници во сообраќајот се под ризик да се повредат себе си и останатите околу нив, велат од иницијатовата за велосипедско Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа