Стојанче Ангелов поддржува амнестија за 27 април

 

 

Директорот на Центарот за управување со кризи и прв човек на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов дава поддршка за иницираниот предлог-закон за амнестија за осудените за 27 април. Тој во објава на социјалните мрежи напиша дека учесниците не се херои, но уште помалку се терористи и не треба да бидат во затвор.

-Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план. Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ, гледаа обид за линч врз нивните родители и деца, вели Ангелов.

Споредувајќи со УЧК од 2001 година, Ангелов вели дека разликата е што на 27 април немаше жртви.

-Но, како и да е, и оние кои го осмислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во него, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители вклучително и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции и силно спротивставени аргументи и ставови, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април, вели Ангелов.

Целиот статус на Ангелов прочитајте го во продолжение:

30.01.2023 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега